Един Џеко би можел следната сезона да го носи дресот на германскиот првак Баерн Минхен, пишува „Билд“. Тој речиси сигурно ќе замине од Интер на крајот од оваа сезона.
Германскиот шампион е во потрага по напаѓач бидејќи не успеа да го надомести заминувањето на Роберт Левандовски во Барселона. Хари Кејн, Лаутаро Мартинез и Душан Влаховиќ се целите на Баерн, но опција Б би можел да биде Един Џеко.
„Донесувањето на Џеко би било слично на потегот на Борусија Дортмунд со Модесте. Во Интер тој покажува дека се уште може да биде многу корисен за тимот“, пишува „Билд“.
Џеко претходно во кариерата настапуваше за Волфсбург во Бундес – лигата и постигна 85 гола на 142 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













