
Њукасл сезонава на голема врата се врати во Лигата на шампионите. По две одиграни кола, „чавките“ се лидери во многу тешката група Ф по ремито со Милан и убедливиот триумф од 4-1 против Пари Сен Жермен, а пред нив се два дуели со Борусија Дортмунд.
Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, ја минимизира еуфоријата по овие одлични европски резултати.
„Сè уште ништо не сме докажале. Сезоната е сè уште на почеток, а пред само неколку недели расположението беше сосема поинакво. Имаме уште многу да докажеме пред да можеме да кажеме дека направивме нешто. Знаеме дека нашите сопственици сакаат да станеме најдобриот клуб во светот, но не сме тоа во моментов. Мора да работиме, но за такво нешто е потребно време – нема волшебно стапче. Мора да бидеме паметни, да донесуваме добри одлуки и да работиме напорно. Ние ја имаме нашата крајна цел“, објасни Хау.
Во клубот дојдоа нови сопственици од Саудиска Арабија, а Еди Хау не бега од фактот дека тоа е важен дел од успехот.
„Никогаш не бегав од фактот дека парите се голема причина за нашиот успех. Но, тоа не е целата приказна. Многу брзо создадовме заедница со играчите кои веќе беа тука. И секој што ќе дојде во нашата соблекувална ќе бидат подеднакво прифатен“, истакна Хау.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување

Евро-фудбал
Астон Вила заинтересирана за Николас Џексон

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
