Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, излезе со остри критики на сметка на судијата на мечот од ЛШ против францускиот шампион Пари Сен Жермен.
Англичаните водеа до крајот, но одлуката за пенал во 98.минута им ги одзеде трите бода и сега ќе се надеваат на кикс на парижаните во последното коло против Борусија Дортмунд за да продолжат во нокаут фазата.
„Сѐ уште се обидувам да се помирам со тоа. Се чувствувам многу лошо, затоа што ни ја одземаа победата, но во исто време сум многу среќен од она што играчите го покажаа. Нивната посветеност, егзекуција…На крајот немавме среќа, мислам дека не беше пенал. Овие повторувања во ВАР не земаат предвид колку брзо се движи топката. Првиот удар беше во градите на дефанзивецот“, изјави Хау.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













