Манчестер Сити оствари убедлив триумф (1-4) против Ливерпул на „Енфилд Роуд“ и ја зголеми предноста на врвот на табелата, но Илкај Гундоган повторно не успеа да реализира пенал. За негова срееќа потоа погоди од игра и „граѓаните“ убедливо славеа.
Но, менаџерот Пеп Гвардиола сериозно размислува задачата за изведување пенал да му ја довери на голманот Едерсон. Тој на тренинзите е убедливо најдобриот изведувач на пеналите.
„Ќе размислам сериозно. Едерсон на тренинзите е одличен при реализацијата на пеналите“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити оваа сезона се избори за четири пенали, а три не успеа да ги реализира. Покрај Гундоган, досега на мечевите од Премиер – лигата промашија и Кевин де Бруин и Рахим Стерлинг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













