Голманот на Манчестер Сити, Едерсон, ќе ја пропушти и Копа Америка откако стана јасно дека има повреда која е посериозна од првичните очекувања, информираат англиските медиуми.
Бразилскиот голман доживеа сериозен судир во претпоследното коло во Премиер – лигата со Тотенхем, кога беше во дуел со Кристијан Ромеро. Потоа, по интервенција на медицинскиот персонал, тој беше заменет од Стефан Ортега.
Едерсон ќе го пропушти и финалето на ФА Купот викендов, како и долгоочекуваниот турнир во националниот дрес на „кариоките“.
30-годишниот бразилски голман е дел од тимот на Манчестер Сити од летото 2017 година, кога пристигна од Бенфика. Во оваа сезона одигра 43 натпревари на голот на „граѓаните“ во кои дозволи само 43 гола во сите натпреварувања.
Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, ќе го заземе стартното место на голот на петкратниот светски шампион.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













