
Белгискиот репрезентативец Еден Азар призна дека сака поголема минутажа во Реал Мадрид. 31-годишниот офанзивен играч за врска има само четири настапи и 158 минути од почетокот на актуелната сезона за европскиот клупски шампион.
Азар пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во летото 2019 година како огромно засилување, но постојаните повреди сериозно му ја ограничија можноста за редовно играње, а оваа сезона тој главно беше замена и покрај тоа што беше одлично физички подготвен.
„Ситуацијата е деликатна бидејќи мојата желба е да играм повеќе. Се чувствувам добро во Реал и знам што можам да покажам ако сум почесто на теренот. Имаше период кога работите беа компликувани бидејќи сакав да играм, но тренерот Карло Анчелоти не ме пушти“, прокоментира Белгиецот за „Марка“.
Азар се надева дека ќе добие повеќе време за игра за да биде во добра форма за Светското првенство во Катар во ноември и декември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
