Eден Азар речиси постојано е повреден и не ги оправда најдобро вложените 100 милиони евра во него во дресот на Реал Мадрид, па можно е да се врати во Премиер – лигата. Интерес за него покажал поранешниот клуб Челси, кој не би имал против да го врати Азар на „Стемфорд бриџ“, но за двојно помала трансферна цена.
Според информациите од Островот, Челси е подготвен да понуди 50 милиони евра и да го врати Еден Азар во клубот.
Белгиецот од доаѓањето во Реал мадрид одигра само 35 натпревари и постигна четири гола. Имаше дури десет повреди, а сега повторно е надвор од тимот поради нова повреда.
Азар од 2012 до 2019 година го носеше дресот на Челси и на 253 натпревари постигна 110 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













