Белгискиот интернационалец Еден Азар го пропуштил вчерашниот тренинг поради нелагодност, објави „Марка“. Се уште нема информација за каква повреда станува збор, но јасно е дека скапоплатената ѕвезда многу често се повредува.
Азар одигра само 13 од можните 30 натпревари за Реал Мадрид оваа сезона. Два меча пропушти поради нелагодност од операцијата на коленото минатата година, шест беа поради повреда на мускулот, еден меч поради позитивен тест на коронавирус, а потоа друга мускулна повреда го оддалечи осум натпревари.
Сега Еден Азар повторно се жали на повреда и би можел да го пропушти саботниот натпревар на „кралевите“ против Хуеска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













