
Белгискиот интернационалец Еден Азар се подготвува за заминување од Реал Мадрид. Некогаш најбараниот фудбалер на Стариот континент не го оправда епитетот на големо засилување во „кралскиот клуб“, а се поизвесно е дека наскоро ќе ја промени средината. Тој сака се испроба во Серија А и најверојатна дестинација е Милан.
Во италијанскиот гигант повторно би уживал во епитетот најголема ѕвезда и целиот фокус би бил на него, заедно со ветеранот Златан Ибрахимовиќ. Покрај тоа, Милан речиси сигурно ќе игра следната сезона во Лигата на шампионите, со оглед дека моментално се бори за самиот врв во Серија А.
Таков клуб е речиси совршен за ревитализација на кариерата на белгискиот виртуоз, но за реализација на овој трансфер Еден Азар мора да се сложи и на драстично намалување на годишната плата. Според информациите од Шпанија, тој е подготвен на таков чекор само да се врати во старата препознатлива форма пред Светското првенство во Катар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
