
Баерн Минхен ќе го доведе „најдобриот“ за тренер од следната сезона. Ова го соопшти спортскиот директор на клубот Макс Еберл по поразот од Хофенхајм во саботата со 4-2.
Баварците бараат нов тренер на местото на Томас Тухел. Но, кој е најдобар? Според информациите во Германија, сигурно не е Зинедин Зидан кој во моментов не е во плановите на управата.
Баварците последовно беа одбиени од Чаби Алонсо, Џулијан Нагелсман, Ралф Рангник, Оливер Гласнер, Роџер Шмит, па дури и од Томас Тухел, со кој направија обид за „помирување“ откако уште во февруари објавија за првична разделба.
Некои од шефовите сакаат Ханси Флик да се врати во клубот. Поранешниот селектор на Германија е отворен за таква опција, но друг дел од Надзорниот одбор на клубот сепак не одобрува едно вакво решение.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
