Connect with us

Двојно помала плата за Де Хеа, Манчестер Јунaјтед го купува Андре Онана

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа, ќе остане на „Олд Трафорд“, но ќе мора да ја намали речиси двојно платата, тврди „Мирор“. Тој добил понуда за нов едногодишен договор, според која ќе добива 200.000 фунти неделно, наспроти сегашните 375.000 фунти.


32-годишниот Де Хеа игра за „црвените ѓаволи“ од 2011 година, кога дојде од Атлетико Мадрид. Неговиот актуелен договор истекува на крајот на овој месец и во оваа фаза не е јасно дали ќе биде обновен.


Иднината на шпанскиот голман зависи и од тоа дали Манчестер Јунајтед ќе успее да го купи Андре Онана од Интер. Се верува дека 20-кратниот шампион на Англија е фаворит за потписот на Камерунецот, кој сака да ги напушти „нероаѕурите“.


Манчестер Јунајтед веќе испрати конкретна понуда вредна 50 милиони евра и одредени бонуси.


Менаџерот Ерик тен Хаг, кој добро го познава од нивната заедничка работа во Ајакс и инсистира на ангажман на Онана. Преговорите меѓу двата клуба напредуваат, а самиот голман е подготвен да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови