
Две лица, едното од Прилеп, а другото од Битола, се приведени вчера околу 18:40 часот во Тетово, откако фудбалерот на ФК Струга Трим Лум, Марјан Радески, ги пријавил за физички напад.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, приведени се 34-годишниот Д.Д. и 37-годишниот И.А., кои моментално се задржани во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
„Според пријавата, инцидентот се случил околу 18:00 часот во близина на Градскиот стадион во Тетово, по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Шкендија и ФК Струга Трим Лум. Марјан Радески, по напуштањето на стадионот, го забележал лицето Д.Д., со кое се познавал од претходно. Тој го повикал Радески да влезе во возилото со прилепски регистарски ознаки, во кое се наоѓал и И.А., по што двајцата го нападнале фудбалерот“, информираа од МВР.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Јирген Клоп на преговори со Реал Мадрид
