Арсенал победи на последните пет натпревари од Премиер – лигата, но не успеа да избори пласман на европска сцена. Сепак, на „Емирати“ имаше и солзи и смеа на последниот ден од сезоната.
Давид Луиз се збогуваше со клубот, клубот и фудбалерот одлучија да не ја продолжуваат соработката. За тоа време, вториот стопер Габриел Магалјаеш си го бараше забот на тревникот на стадионот.
Габриел остана без заб откако доби лакот во лицето при еден дуел, па по завршување на мечот остана уште дваесетина минути во потрага по забот. Секако, падна и смеа од соиграчите.
Но, веднаш по ова замина на стоматолог и подоцна истата вечер, Габриел на Инстаграм откри дека сè е во ред и се пофали: „Не грижете се мои пријатели, најдов заб“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













