
Капитенот на Србија, Душан Тадиќ, веќе нема да игра за националниот тим и тоа е негова одлука, пренесува српски „Телеграф“.
„Причините засега не се официјално познати, но може да се претпостави дека сè се ‘распадна’ на Европското првенство, кога јавно ги критикуваше одлуките на селекторот Драган Стојковиќ, кој не го стави во првата постава за натпреварот со Англија, а потоа и за одлучувачкиот натпревар со Данска“, пишува „Телеграф“.
Стојковиќ неодамна доби доверба од Фудбалскиот сојуз на Србија да продолжи со работата како селектор, меѓу редови беше најавено подмладување на репрезентацијата од септември, и очигледно е дека Тадиќ ја увидел ситуацијата и одлучил сам да замине, пред да биде исклучен.
„Капката што веројатно ја прелеала чашата“ е една изјава на селекторот Стојковиќ во големо интервју кое вчера го даде за ФСС, по неговото патување во Берлин за да го гледа финалето на Европското првенство меѓу Шпанија и Англија. Тој говореше за капитените на финалистите, Хари Кејн и Алваро Мората, а кој ја анализирал таа изјава, веднаш му е јасно дека пораката е упатена кон Тадиќ.
„На мене уште еден детаљ од финалниот натпревар ми остави силен впечаток, а тоа е излегувањето од игра на Кејн и на Мората. Двајца капитени, двајца лидери на своите репрезентации. Ниту еден гест, ниту најмала реакција што би го нарушила духот во екипата. Одат на клупата, даваат поддршка. Тоа се работи на кои сите треба да учиме. Нема суета и преголемо его, сите се во служба на колективот и победата е заедничка цел“, рече Пикси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
