Македонскиот интернационалец Влатко Дробаров е на добар пат да го облече дресот на фудбалската репрезентација на Бугарија. Нашиот источен сосед се соочува со недостиг на квалитет во националниот тим, па селекторот Јасен Петров го забележал Дробаров и неговите добри настапи за Черно Море.
Тој не наоѓа причина да не го носи националниот дрес на Бугарија, и покрај односите меѓу Македонија и Бугарија.
„Не гледам ништо чудно. Имам пријатели овде во Бугарија и ги сакам соиграчите како семејство. Нема причина овој интерес да ми биде чуден. Не ме интересира политика. Да, јас би се согласил да играм за репрезентацијата на Бугарија “, изјави Влатко Дробаров за бугарскиот „спортал.бг“.
Фото: www.sportal.bg
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski