
Македонскиот второлигаш Гостивар оваа сезона има одличен тим, се бори за врвот на табелата и за влез во елитата, но во клубот има внатрешна борба меѓу „староседелците“ и новиот спонзор. Поточно, навивачката група „Кастриоти“ се обидува да го избрка главниот спонзор од Турција со образложение дека го „потурчил“ клубот.
Тие се сомневаат дека турскиот спонзор сака да го промени идентитетот на клубот, за кој сметаат дека е „чисто албански“, бараат само на албански јазик да се водат социјалните мрежи, да не се менува името и боите на клубот. Исто така бараат социјалните мрежи да ги води лице од Општина Гостивар.
Од друга страна, главниот спонзор од Турција кој вложи многу во клубот, еднаш веќе сакаше да замине, но потоа се премисли и се врати во Гостивар. Но, сега, се чини дека „војната“ е многу посериозна. Сепак, засега, раководството на Гостивар е на став дека нема да дозволи политички мотивирана навивачка група да го растури сето она што е направено од почетокот на сезоната, и на резултатски план, но и како инвестиција во инфраструктура во ФК Гостивар.
„Ние сме тим на сите жители на Гостивар. Во такви околности, ниедна навивачка група не може да бара оставка од претседателот на клубот кој досега нема ниеден првенствен пораз. Тие што ја бараат оставката се само „политичка група“. Политичките групи треба да делуваат само во рамките на политичките партии“, се вели во одговорот од раководството на ФК Гостивар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Јани Атанасов се врати во Краковија

Евро-фудбал
Тами Ејбрахам ќе потпише за Бешикташ

Евро-фудбал
Луис Енрике: Одигравме перфектен меч

Евро-фудбал
Баерн во голеадата поуспешен од Фламенго (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор
