Вистински пекол доживеале српскиот репрезентативец и фудбалер на Јувентус, Душан Влаховиќ и неговиот соиграч Анхел Ди Марија, по мечот против Макаби Тел Авив во Лигата на шампионите. Како што пренесуваат медиумите во Италија, Влаховиќ бил во посета на Ди Марија кога маскирани разбојници упаднале во домот на Аргентинецот.
Алармот веднаш се вклучил и полицијата многу брзо пристигнала на местото на злосторството, а некои медиуми јавуваат дека при нивната интервенција било употребено и огнено оружје. Италијанците се повикуваат на сведоци кои слушнале врисоци и пукање.
„Слушнавме врисоци и некои звуци кои звучеа како истрели од огнено оружје“, велат сведоци кои случајно се нашле во близина во тој момент.
„Газета дело спорт“ пишува дека полицијата всушност го спречила вооружениот грабеж на куќата на Аргентинецот. Наводно, еден од разбојниците и бил уапсен во обид да избега, додека потрагата по останатите членови на бандата се уште трае.
Уапсениот разбојник бил сопрен од полицијата во автомобилот со кој се обидел да побегне од местото на злосторството откако успеале да го совладаат. Шокираните фудбалери се уште не се изјасниле за целиот инцидент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













