По тринеделен престој во редовите на струшкиот второлигаш Караорман искусниот охридски тренер Драган Блажески -Крчо го напушти тренерското место.
Блажески за „Охрид Спорт“ ги откри причините поради кои го напушти клубот.
„И покрај мојата големата желба да му помогнам на струшкиот второлигаш вака и под вакви услови не може да се работи. И покрај основните услови, а тоа е терен и топки кои ги имав, за други услови морав јас на овие години сам да се снаоѓам. Згора на сѐ, клубот го напуштија осум играчи, а не е донесено ниту едно засилување. Јас како долгогодишен тренер тоа ќе им го кажам и на играчите и на луѓето од клубот, под вакви услови не може да се работи“, изјави Драган Блажески.
И Арсеноски
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski