Connect with us

Доставувачот на пици кој стана нов херој на Милан и го „зацрни“ Атлетико Мадрид

„Подобро некогаш, отколку никогаш“. Ако верувате во сништата можеби некогаш и ќе ви се остварат. Ова е животната приказна на Жуниор Месијас, годинашното засилување на Милан, кој синоќа го урна Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ и ја оживеа надежта на „росонерите“ дека можат и во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тој во 87.минута го совлада Јан Облак со удар со глава и ја донесе првата победа за Милан во ЛШ по долг период.


Месијас дојде во Милан последниот ден од преодниот рок за 10 милиони евра. „Росонерите“ бркаа позвучни имиња на таа позиција, но на крајот сепак го доведоа бразилскиот фудбалер од Кротоне.

Месијас има 30 години и многумина можеби синоќа првпат слушнаа за него. Роден е во Бело Хоризонте, но пристигна во Италија пред 10 години од родниот Бразил. И тука започнува лудата приказна.

Почна да работи како доставувач на пици, а попатно играше за локален, аматерски тим. Ја започна својата сениорска кариера во 2015 година, а неговиот тим Гоцано се квалификуваше за Серија Ц во сезоната 2017/18.
Потоа се пресели во Кротоне, со кој дебитираше во Серија Б во 2019 година. Ова лето, тој одеднаш доби шанса да го облече дресот на славниот Милан и да игра во Лигата на шампионите.

Како и многу сонародници, тој уште од рана возраст беше страстен фанатик за фудбалот, уживајќи да игра на улица со пријателите. Неговиот заштитен знак е дриблингот, а минатата сезона беше на самиот врв на листата во Серија А по бројот на успешни дриблинзи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови