Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски ќе ја продолжи кариерата во унгарскиот шампионат, откако денес официјално стави потпис на договор со екипата на Ниреѓихаза.
Станува збор за клуб со богата традиција, постои речиси цел еден век, но не се прославил со значајни трофеи, освен што пет пати бил шампион во Втората лига. За претстојната сезона амбициозно најавуваат борба за пласман на европска сцена. Во последното првенство го освоија осмото место на табелата.
Бабунски доаѓа во Унгарија по кратка авантура во романскиот Сепси, каде што настапи на 13 натпревари. Таму пристигна од Грасхоперс од Швајцарија, каде што играше од 2023 година. Ова нема да му биде прво искуство во унгарскиот фудбал, со оглед на тоа што во сезоната 2022/23 ги бранеше боите на Дебрецин.
Фудбалската кариера ја започна во младинскиот погон на Реал Мадрид, а досега има забележано седум настапи за македонската сениорска репрезентација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













