
Шкендија е далеку од лидерот Шкупи, но тетовци нема да се предадат во трката за врвот се додека има и најмали теоретски шанси. Тетовскиот тим денеска (15 часот) му гостува на Скопје во „Автокоманда“ и верува во нов триумф.
Шкендија ќе биде без капитенот Егзон Бејтулаи поради повреда, но офанзивецот Љупчо Дориев најавува победа.
„Шкендија е навикната секогаш да гледа напред, ние сме тим кој секогаш игра за победа и така ќе биде и на денешниот натпревар против Скопје. Додека има уште математика која го одржува првенството во живот, ние ќе се бориме да го извлечеме максимумот. Кога првенството влегува во третата и последна фаза, сите екипи се максимално фокусирани, особено кога играат против Шкендија. Но, верувам дека ќе излеземе како победници на овој натпревар“, вели крилниот напаѓач Љупчо Дориев.
Академија Пандев исто така ќе биде гостин, кај Тиквеш во Кавадарци, а Борец ја пречекува Македонија ЃП. Во Тетово интересен дуел ќе играат Ренова и Работнички, а во Битола, Пелистер ќе биде домаќин на Брегалница.
Вчера, лидерот Шкупи славеше на гости против Струга Трим Лум со 1-3.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 24.КОЛО (15 ЧАСОТ)
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА
ВЧЕРА: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 1-3

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал

Евро-фудбал
Џон Дуран доаѓа на позајмица во Фенербахче

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими
