Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, ќе го напушти клубот како слободен агент. Фудбалерот веќе се прости од соиграчите, тврди италијанскиот весник „Тутоспорт“. Клубот му понуди на 22-годишниот голман 8 милиони евра годишно, додека Мино Раиола, агентот на Динарума, инсистираше на 10 милиони евра плата.
Исто така Милан сакаше да потпише петгодишен договор, а Мино Раиола инсистираше на двегодишен договор. Згора на се, Раиола сакаше да добие 20 милиони евра провизија за обновување на договорот, со што управата на Милан не се согласи.
Во сезоната 2020/21, Донарума одигра 48 натпревари за Милан, на кои прими 54 гола, а имаше 15 мечеви без примен гол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













