Италијанскиот репрезентативец и прв чувар на мрежата на Милан, Џанлуиџи Донарума, го победи коронавирусот. По неколку дена во изолација, тој се одбрани од Covid-19 и доби негативен резултат на последното тестирање, исто како и Хауге и Габија. Тие сега можат да се вратат на тренинзите на „росонерите“.
„Милан информира дека Донарума, Хауге и Габија, кои имаа асимптоматски позитивни резултати, овојпат на најновото тестирање покажаа негативни резултати на Covid-19. Наскоро ќе направат дополнителни тестови и потоа ќе им се вратат на клупските обврски“, соопштија од Милан.
Донарума би можел да се врати во тимот на Милан веќе на утрешниот натпревар против Удинезе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













