
Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, треба да потпише нов договор со клубот. На крајот на сезоната играчот и раководството на клубот од Париз ќе разговараат за условите за понатамошна соработка.
Донарума му се приклучи на францускиот гигант во јули 2021 година како слободен агент.
Неговиот актуелен договор е до средината на 2026 година. Оваа сезона Донарума досега одигра 40 натпревари за францускиот клуб во сите натпреварувања, при што прими 36 гола, а на 16 меча имаше „чиста мрежа“.
Досега Џанлуиџи Донарума двапати ја освои Лига 1 со Пари Сен Жермен и двапати го крена францускиот Суперкуп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Бенфика?

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
