
Италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума одлучи да го напушти Милан откако му истече договорот, а иако имаше неколку понуди каде да ја продолжи кариерата, тој се реши да потпише за ПСЖ.
Пред да дојде во францускиот клуб, имаше одличен настап на Европското првенство, каде што стана европски шампион со Италија, но не се снаоѓа добро како што планираше во ПСЖ.
Донарума претежно седи на клупата бидејќи Маурисио Покетино одлучи Кејлор Навас да остане прв голман во Париз, што секако не го очекуваше пред почетокот на сезоната. Тогаш се шпекулираше дека ПСЖ може дури и да го продаде Навас и дека Донарума сигурно ќе биде прв голман, но тоа не се случи.
Медиумите во Италија веќе пишуваат дека Донарума е незадоволен од неговиот статус во ПСЖ и дека дури е подготвен да го напушти клубот доколку тоа не се промени. Тој сака да остане прв голман во репрезентацијата на Италија пред Светското првенство.
Донарума се поврзува со можно враќање во Серија А каде Јувентус е заинтересиран за нов голман, поради лошата форма на Шчешни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Евро-фудбал
Мбапе нема да игра и против Салцбург

Прва лига
Младиот Адонис Милај го засили Шкупи

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
