
Милан остана лидер на табелата во Серија А и по првиот пораз во шампионатот од Јувентус (1-3), но продолжуваат проблемите за тренерот Стефано Пиоли. Најновата информација од „Сан Сиро“ е дека за саботниот меч против Торино, Пиоли ќе го нема на располагање креаторот на играта Хакан Чалханоглу.
Турскиот интернационалец се жали на болки во скочниот зглоб и повредата нема да може да се санира за да настапи против Торино. Тој и претходно имаше проблеми со глуждот, а по натпреварот со Јувентус повредата е сериозно влошена.
Милан има 37 бода, еден повеќе од Интер, на врвот на табелата во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
