Манчестер Сити е пред реализација на најголемиот трансфер во историјата на Премиер – лигата, со ангажманот на Џек Грилиш од Астон Вила. Актуелниот првак на клубот од Бирмингем ќе му плати 100 милиони фунти.
Сити во петокот ја достави својата понуда од 100 милиони фунти, а Астон Вила, иако се обиде да го задржи Грилиш, не може да не го прифати најголемиот трансфер во историјата на англискиот фудбал.
Фудбалерот сака да направи трансфер во Манчестер Сити, да се бори за трофеите во Премиер – лигата и во Лигата на шампионите. Грилиш, кому му беше дадена продолжена пауза по настапот за Англија на ЕП 2020, првпат се појави на тренинг со своите соиграчи од Астон Вила во понеделникот.
Претходниот рекорд за најскап трансфер во Премиер – лигата го држеше Пол Погба, кој повторно се приклучи на Манчестер Јунајтед за 93,25 милиони фунти од Јувентус во 2016 година.
Астон Вила му понуди на Грилиш нов и подобрен договор претходно ова лето, и покрај тоа што минатиот септември потпиша петгодишен договор. Сепак, предизвикот за освојување трофеи со Манчестер Сити го стори своето.
BREAKING: Manchester City are close to agreeing £100m deal to sign Jack Grealish from Aston Villa.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 4, 2021
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal