Најновата повреда на Кристофер Нкунку не е толку сериозна како што првично стравуваа Маурисио Покетино и стручниот штаб на Челси. Минатата недела, менаџерот на „сините“ призна дека е загрижен за состојбата на Французинот, кој не тренира повеќе од 10 дена.
Покетино дури навести дека доколку проблемот е посериозен, може да ги промени и трансфер плановите на клубот овој месец. Сепак, овојпат вестите се добри и повредата на бутниот мускул на Нкунку не е сериозна. Офанзивецот ќе продолжи со тренинзи оваа недела и најверојатно ќе биде достапен за реваншот од полуфиналето на Карабао купот против Мидлсборо на 23 јануари.
Нкунку ги пропушти првите четири месеци од сезоната поради повреда на коленото и досега има само еден настап во Премиер – лигата. Доколку остане здрав и игра редовно до крајот на сезоната, тоа би можело да се покаже клучно во вториот дел од сезоната.
Армандо Броја го предводеше нападот на Челси во отсуство на Нкунку и Николас Џексон, кој замина на Купот на Африканските нации.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













