
Бразилскиот ас Нејмар нема скршеница на левиот скочен зглоб. Ова е добра вест за тренерот Томас Тухел и за фановите на Пари Сен Жермен по повредата што офанзивецот ја заработи на синоќешниот дерби дуел против Лион (0-1) на „Паркот на принцовите“. Нејмар беше изнесен на носилки и го напушти теренот во солзи, па се појавија стравувања дека можеби повторно има скршеница на истиот скочен зглоб кој го мачеше и претходно.
Противничкиот фудбалер Тијаго Мендеш грубо стартуваше над Нејмар пред самиот крај на мечот во Париз.
Информациите од ПСЖ се дека Нејмар за 48 часа ќе замине на второ детално снимање на повредениот скочен зглоб, овојпат да се заклучи колку се оштетени лигаментите. Дури потоа ќе може да се даде и лекарска проценка колку ќе паузира Бразилецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
