Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е уверен дека ситуацијата со повредените фудбалери во тимот ќе се подобри пред натпреварот на домашен терен против италијанскиот Милан во Лигата на шампионите, откако централниот дефанзивец Антонио Рудигер веќе е здрав.
Добри вести има и за опоравувањето на Родриго, кој се врати на тимските тренинзи во базата на Реал, објави шпанскиот весник „Марка“.
23-годишниот Бразилец го пропушти дербито против Барселона поради проблем со бутниот мускул и оттогаш тренираше одделно од групата.
Неговото враќање ќе му овозможи на Анчелоти дополнителен избор, при што Аурелиен Чуамени веројатно ќе остане на клупата ако Родриго е подготвен да започне како стартер против Милан.
На Федерико Валверде ќе му биде дадена можност до последната минута да покаже дека е подготвен за игра, иако засега продолжува да тренира индивидуално.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













