Connect with us

ДНЕВНИКОТ НА СЕЛЕКТОРОТ: Овие јунаци веруваат во чуда, затоа што имаат муда!

11.06.21
22:00 часот, четврти спрат, соба 426 кај масерите, телевизорот пуштен на најгласно, романскиот Про ТВ врши директен пренос…

Андреа Бочели го отвара ЕВРО 2020 во Рим….Македонското знаме се развиори, качено од овие момци во собава на кровот на Олимпико, овации!!!…Уникатен момент…Турција и Италија ја имаат честа да ги изиграат првите 90 минути..бадеми, фстаци, изотоник и првите предвидувања и кошкања за тоа кој ќе победи…Така беше синоќа, Италијанците заслужено славеа.

10:30 часот, договорено е групно фотографирање на стадионот и тренинг. Пристигнавме на терен, Нестор и Аце беа излезени на тревата кога ненадејно се вклучија прскалките, Аце избега, а Нестор не можеше да трча или да оди нормално поради операцијата на коленото, куцаше, но џабе… целиот беше мокар…


„Еми шо да праам, сакам ама не можам да избегам“
– прокоментира…

Во соблекувалната се облекуваат официјалните дресови..Марио ги организира местата, ти тамо, ти ваму…Перо ги проверува фотоапаратите…


Стој, мирно!!! Насмевки и чкрап!…


Полесен тренинг и тактичка работа…Реванш за пенал серијата од вчера… На крајот, домаќините ни пуштија видео на сигналните екрани со сите наши голови во квалификациските натпревари. Главите горди и подигнати нагоре…

Се враќаме во хотел, ручек и ковид тестови се во агендата… Плејстејшн е опција за денес додека надвор врнеше силен дожд….ЕВРО стартува, го живееме сонот, ја живееме фудбалска Европа…

Желба на многу генерации, а обврска за нашата, во недела за секој метар од теренот да се води гладијаторска битка. А овие јунаци тоа го можат и веруваат во чуда, затоа што имаат муда…

Засега се одјавувам со дневникот. Почна ЕВРО, се ближи Австрија. Време е да се подготвиме за историското деби.

Се читаме, за некој ден…

Advertisement

Facebook

Тимови