Ливерпул ја забележа шестата победа во Премиер лигата оваа сезона, откако го победи Кристал Палас на гостински терен со минимални 0-1. Победничкиот гол го постигна Диого Жота во деветтата минута, што му беше 60-ти гол на неговиот јубилеен 100-ти натпревар за „Црвените“.
Иако тимот на Арне Слот имаше неколку тешки моменти за време на натпреварот, Алисон Бекер блесна со одлична одбрана и успеа да ја одбрани мрежата недопрена, спречувајќи го Матета да постигне израмнувачки гол. Во финишот, Алисон Бекер мораше да биде заменет поради повреда.
Со оваа победа, Ливерпул собра 18 бодови, што е четири повеќе од Манчестер Сити, кој денеска од 16 часот го пречекува Фулам на домашен терен, „Етихад“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













