Connect with us

Диого Жота ќе биде погребан утре во Гондомар, 13 дена откако правеше свадба во родниот град

Фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Тешеира да Силва ќе бидат погребани на 5 јули, два дена по трагичната смрт и 13 дена по неговата свадба која се одржа на истото место. Двајцата загинаа во сообраќајна несреќа во Северна Шпанија во раните утрински часови во четвртокот.

Според угледниот португалски весник „Рекорд“, церемонијата ќе се одржи на гробиштата во Гондомар, градот каде што пораснаа двајцата фудбалери. Погребот ќе започне во 10 часот по локално време, а прошталната церемонија ќе биде денеска – на 4 јули од 16 часот.

Телата на жртвите од несреќата веќе се пренесени во Португалија со погребни возила, придружени од нивни блиски. Познато е дека во Институтот за судска медицина во Самора, каде што првично беа пренесени посмртните останки, присутна била и сопругата на Диого Жота – Руте Кардозо.

Во меѓувреме, Ливерпул соопшти дека дресот со број „20“ ќе биде повлечен од употреба во спомен на Диого Жота. По трагичната смрт на Португалецот, навивачите на „црвените“ гласно побараа бројот да биде овековечен, а последниот што го носел да остане токму Жота.

„Бројот 20 ќе биде овековечен со право, поради неговиот придонес за титулата на Ливерпул во сезоната 2024/25 – дваесеттата во историјата на клубот. Со неговиот иконичен гол пред трибината ‘Коп’, со кој ја запечати победата во дербито на Мерсисајд во април – трогателниот последен гол во неговиот живот“, стои во официјалното соопштение на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови