Connect with us

Динамо Загреб доминираше и на реваншот против Астана

Динамо Загреб се пласира во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Хрватскиот првак и вторпат ја победи Астана откако славеше со 0-2 на денешниот реванш во Казахстан.

Во следното коло од квалификациите за ЛШ, Динамо Загреб ќе игра против АЕК Атина, а досега обезбеди најмалку групна фаза во Конференциската лига.

Махир Емрели во 24.минута обезбеди предност за хрватскиот тим, а триумфот го потврди Антонио Марин во 89.минута.

Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за Динамо Загреб на стоперската позиција. 

Динамо Загреб првиот натпревар го доби убедливо, со 4-0, а квалитетот го потврди и на вториот дуел.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови