
Хрватскиот првак Динамо Загреб не успеа да обезбеди предност против Легија пред реваншот во Варшава во квалификациите за Лигата на шампионите. „Модрите“ одиграа 1-1 и по седум дена во Полска ќе мораат многу подобро доколку сакаат да се пласираат во плејофот од елитното европско клупско натпреварување.
Бруно Петковиќ во 60.минута донесе водство за Динамо Загреб, но израмни Ернест Муци во 82.минута.
Стефан Ристовски беше стартер во тимот на Динамо, додека Аријан Адеми не играше поради повреда.
Ференцварош со 2-0 славеше против Славија Прага, додека Бенфика на гости во Москва го победи Спартак, со головите на Рафа Силва и на Жилберто.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
