Англискиот премиерлигаш Лестер го постави Дин Смит за нов менаџер. Тој потпиша договор до крајот на сезоната. 52-годишниот стратег доаѓа на местото на неодамна отпуштениот Брендан Роџерс.
Во стручниот штаб на Смит е и легендата на Челси, Џон Тери. Поранешниот англиски репрезентативец му беше помошник и во Астон Вила.
Дин Смит последен пат беше на чело на Норич, но се раздели во декември минатата година.
Лестер по 30. коло во Премиерлигата го зазема претпоследното 19. место на табелата со 25 бода.
We are pleased to announce the appointment of Dean Smith as the Club’s First Team Manager until the end of the 22/23 season 🔷
— Leicester City (@LCFC) April 10, 2023
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski