Connect with us

Димитар Митровски го доби признанието за изборот во идеалниот тим на ХНЛ

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски и официјално го доби признанието за изборот во идеалниот тим на хрватскиот шампионат за сезоната 2024/25, што му го доделија играчите и тренерите од ХНЛ.

Митровски беше прогласен за еден од најдобрите единаесетмина во елитната хрватска лига, а признанието му го врачи претседателот на Хрватскиот фудбалски синдикат, Марио Јуриќ.

„Ова е моја прва награда од ваков тип што ја добивам во мојата досегашна кариера и сум исклучително среќен и горд. Наградата е голема мотивација за мене, но и чест и привилегија да бидам избран од фудбалерите и тренерите, оние со кои го делам фудбалскиот терен. Нема поголема привилегија од тоа да бидам избран од самата професија. Би сакал да му се заблагодарам на фудбалскиот синдикат за доделувањето на наградата и за гостопримството“, изјави Митровски по добивањето на признанието.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови