Еден од најдобрите македонски фудбалски судии Димитар Мечкаровски денеска се прости до активното делење на правдата. Тој ја делеше правдата на мечот во Тетово меѓу Шкендија и Пелистер кој е последен во неговата судиска кариера. Мечкаровски повеќе од една деценија беше интернационален судија со знакот на ФИФА и остави траен белег, првокласен пример како треба да се дели правда на прволигашките стадиони во Македонија.
Претставници на Фудвалската федерација на Македонија, Судискиот одбор, како и клубовите Шкендија и Пелитсер му дадоа пригодни подароци за трајно сеќавање за последниот меч, но и благодарност за се она што го направи за македонскиот фудбал.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













