
Малкумина се тренерите кои можат да се пофалат дека ги воделе своите клубови до 100 натпревари во Лигата на шампионите. Еден од нив ќе стане тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Во петтото коло од групата Е во Лигата на шампионите во Ротердам вечерва силите ќе ги одмерат домашниот Феенорд и Атлетико Мадрид.
Тоа е дуел од големо значење за двете екипи. Атлетико со победа би обезбедил настап во следната фаза од натпреварувањето, а Феенорд со три бода би го прескокнал денешниот ривал.
Овој натпревар ќе биде посебен за човек што седи на клупата на тимот од Мадрид, Диего Симеоне. Аргентински стручњак вечерва по 100. пат ќе го предводи тимот во Лигата на шампионите, што е успех со кој можат да се пофалат само ретки стручњаци.
„Што да кажам? Горд сум што имам 100 натпревари како тренер на клупата на Атлетико во Лигата на шампионите затоа што клубот одиграл 100 натпревари во Лигата на шампионите. Тоа е важно за клубот, за луѓето кои водат тоа, за навивачите и за идниот напредок на самиот клуб“, истакна Симеоне.
„Важно е да се обидеме да одиграме добар натпревар. Мораме да ги знаеме слабостите на противникот за да го одведеме натпреварот таму каде што ние сакаме“, додаде аргентинскиот стручњак.
Покрај споменатиот меч во групата Е, силите ќе ги одмерат Лацио и Селтик, а по четири кола Атлетико е прв на табелата со осум бода, Лацио е втор со седум, Феенорд има шест, а Селтик само еден бод.
Симеоне го презеде Атлетико Мадрид пред речиси 12 години, односно на 23 декември 2011 година.
Оттогаш тој го водеше овој славен клуб на 644 натпревари, а пред да дојде во Атлетико беше тренер на Расинг Клуб, Естудијантес, Ривер Плата, Сан Лоренцо и на Катанија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Милан подготвува нов договор за Мајк Мењан

Евро-фудбал
Постекоглу ќе го преземе саудискиот Ал-Ахли?

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген
