Шпанскиот напаѓач Диего Коста моментално е без клуб откако му истече договорот со Атлетико Минеиро, a медиумите од Шпанија пренесуваат дека би можел да се врати во Шпанија, поточно во Мадрид и да го облече дресот на Рајо Ваљекано.
Рајо на напаѓачот му понудил едногодишен договор и плата од 1.000.000 евра. Наводно добил финансиски подобри понуди од Саудиска Арабија и од Англија, но тој со семејството сака да се врати во Шпанија и Мадрид.
Тој веќе беше дел од Рајо Ваљекано кога играше на шестмесечна позајмица во 2012 година, постигнувајќи 10 гола.
По Рајо, Диего Коста со успех играше во Атлетико Мадрид и во Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













