
Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала, утре ќе биде подложен на фитнес тест од кој ќе се утврди дали светскиот шампион со Аргентина ќе може да игра во финалето на Лига Европа против Севилја в среда, соопшти АНСА.
Состојбата на Дибала е многу подобрена во последните денови. Тој дури учествуваше и на тренингот на Рома во неделата, но избегна директен контакт со соиграчите.
Пауло Дибала сигурно ќе патува со тимот во Будимпешта каде се одржува финалето. Дури и ако е подготвен за игра, тешко дека ќе го започне мечот против Севилја.
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, веќе најави дека ќе биде среќен доколку Аргентинецот може да влезе во игра како замена околу 20 минути.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Дембеле веќе размислува и за заминување од ПСЖ?

Евро-фудбал
Кејн урива рекорди во Баерн Минхен

Интернационалци
Трајковски со триумф дебитираше за Хајдук (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го сопре налетот на Јувентус (ВИДЕО)
