Connect with us

Дибала нема болки и бара од Мурињо да биде стартер на вечерашното финале против Севилја

Постои шанса Пауло Дибала, кој се опорави од повредата на скочниот зглоб, да биде стартер за Рома во вечерашното финале во Лига Европа против Севилја. Натпреварот ќе се игра на „Пушкаш арена“ во Будимпешта.


Напаѓачот повеќе не чувствува болка и побарал од тренерот Жозе Мурињо да го пушти на теренот уште од самиот почеток.


Вчера тренерот на Рома објави дека Дибала најверојатно ќе може да одигра најмногу 30 минути.


Утрово светскиот шампион со Аргентина целосно учествуваше на тренингот за тонирање и не се пожали на никакви болки.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови