Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала ќе остане во Јувентус до 2025 година, открива „Тутоспорт“. Раководството на италијанскиот калочолигаш и агентите на Дибала постигнаа договор кој многу брзо ќе биде пренесен и на хартија. Дибала ќе остане во редовите на „старата дама“ и во наредните четири години.
Со враќањето на Масимилијано Алегри, значително се смени и позицијата на Пауло Дибала. Трофејниот стратег смета дека Аргентинецот треба да биде еден од носителите на играта на Јувентус и го натера раководството да преговара сериозно за продолжување на соработката.
Дибала исто така сфати дека барањата за годишна плата од 15 милиони евра во момент кога клубот е во финансиска криза поради пандемијата на коронавирусот се претерани, па се сложи на заработка од 8 милиони евра, со бонуси од дополнителни 2 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













