Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала на крајот од сезоната речиси сигурно ќе го напушти Јувентус. Тој не успеа да се договори со раководството на клубот за продолжување на договорот, а на лето ќе влезе во последната година од актуелниот. Ова значи дека „старата дама“ ќе мора да го продаде, а агентите на Дибала наголемо преговараат со англиските премиерлигаши.
Засега Дибала е на крстопат дали да замине кон Лондон или кон Манчестер. Челси и Тотенхем се најзаинтересирани да го доведат Дибала, но во трката се и Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. Во летниот преоден рок неговата отштета ќе биде околу 40 милиони фунти, што воопшто не е пречка за најбогатите англиски клубови.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski