Вардар се врати на арената „Тодор Проески“ и успеа да го победи Пелистер со 1-0, со голот на Џибрил Дианеси во 82.минута. Вечното македонско дерби не донесе премногу квалитетен фудбал, но секако ја врати возбудата и фудбалската атмосфера, со оглед дека беа присутни двете навивачки групи, Комити и Чкембари.
Првиот дел не понуди многу шанси, а најизгледната ја имаше напаѓачот на Пелистер, Михаил Талевски во 45.минута. Тој упати силен удар од 12 метри, но Филип Гачевски успеа да спаси сигурен гол со бравурозна интервенција.

Во второто полувреме, и двете екипи се отворија, имаше шанси и на двете страни, иако не стопроцентни, а на крајот славеше Вардар. По седмиот корнер, во 82.минута, Дианеси најдобро се снајде во мешаницата и ја испрати топката во мрежата на Пелистер.
Одеднаш сега ова е многу попозитивен старт на сезоната за Вардар, Пелистер останува со еден освоен бод.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













