
Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија, ќе отсуствува од терените околу три седмици поради повреда на тетивата, соопшти денеска Јувентус.
Од прегледите било откриено дека се работи за мало оштетување на тетивата на десната нога и дека на фудбалерот ќе му требаат околу 20 дена да се опорави.
Ди Марија се повреди во вторникот на натпреварот против Макаби Хаифа (0-2) во Лигата на шампионите. Се очекува да се опорави навреме и да биде во составот за Светското првенство во Катар кое започнува на 20 ноември.
Аргентина ќе игра во групата Ц со Саудиска Арабија, Мексико и со Полска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
