
Италијанскиот фудбалер Џовани Ди Лоренцо го продолжи договорот со Наполи, објави клубот. Ди Лоренцо и Наполи ја продолжија соработката до 2026 година.
Италијанскиот репрезентативец кој ќе наполни 28 години следниот месец, во Наполи пристигна во 2019 година од Емполи за 8 милиони евра.
Ди Лоренцо минатата сезона одигра 49 официјални натпревари за Наполи и постигна четири погодоци. Новиот тренер Лучијано Спалети во него гледа стандарден првотимец и адут за претстојната сезона во Серија А.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
