Џошуа Зиркзе (23) ќе стане нов играч на Манчестер Јунајтед, објави познатиот инсајдер Фабрицио Романо. Јунајтед ќе ѝ плати на Болоња малку повеќе од 40 милиони евра за брзиот напаѓач, кои ќе ги исплаќа во текот на три години.
Холандскиот репрезентативец ќе потпише договор до 2029 година. Зиркзе играше за младите категории на Баерн Минхен, а кратко и за првиот тим, по што го носеше дресот на Парма и на Андерлехт.
Минатата сезона блесна играјќи за Болоња, која под водство на тренерот Тијаго Мота играше фантастичен фудбал и избори пласман во Лигата на шампионите, постигнувајќи 12 голови и имајќи седум асистенции.
Покрај Зиркзе, во Манчестер Јунајтед треба да пристигне и Матијс де Лихт од Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













