Саудискиот клуб Ал-Ахли ќе направи уште еден обид да ја ангажира ѕвездата на Баерн Минхен, Џошуа Кимих. Арапите сакаа да се засилат со германскиот интернационалец уште во јануари, но тогаш трансферот не се случи.
Раководството на Баварците сака да го продаде Кимих ова лето доколку во клубот пристигне добра понуда за него.
Претставниците на Ал-Ахли планираат да одржат состанок со фудбалерот пред почетокот на Европското првенство во обид да го убедат да се пресели на Арапскиот Полуостров.
Кимих минатата сезона одигра 43 натпревари за Баерн Минхен, постигнувајќи два гола и 10 асистенции. За него е заинтересирана и Барселона.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski