По доаѓањето на сер Џим Ретклиф во раководната структура на Манчестер Јунајтед сите можеа да забележат дека е внимателен со парите, а факт е дека му даваше неколку шанси на Тен Хаг, само поради должината на неговиот договор.
Сепак, спортскиот сектор на Манчестер Јунајтед немаше друг избор, бидејќи Холанѓанецот никако не успеа да се снајде со оваа екипа, па на неговото место дојде Рубен Аморим.
Прашањето кое се поставува е – колку чинеше смената на тренерот?
И покрај намалувањето на трошоците и отпуштањето на работници во клубот, Манчестер Јунајтед мораше да плати над 30 милиони фунти за смена на тренерот. Тоа е речиси колку кратењето на сите останати трошоци и бркањето на повеќе од 250 вработени во клупската администрација што Џим Ретклиф го направи веднаш откако ги презеде работите во свои раце на „Олд Трафорд“.
Манчестер Јунајтед за отказот на Ерик Тен Хаг мораше да плати цели 15 милиони фунти, а покрај тоа, мораше да исплати обештетување за Аморим, кое изнесуваше нешто над 10 милиони фунти. Тоа не е сè, годишната плата на Аморим изнесува 6,5 милиони фунти, што ја зголемува сумата на над 39 милиони фунти само за смената на тренерот.
Инаку, Ретклиф отпушти 250 работници, меѓу кои и сер Алекс Фергусон, а ја откажа и божиќната прослава, која е прилично скапа, со што вкупно заштеди околу 35 милиони фунти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













